Nei Pori - Vila Saint George
Vila Saint George

Вила СЕНТ ЏОРЏ се наоѓа во новиот дел на Неи Пори на 200 метри од плажата и е оддалечена 5 минути одење до центарот. На само неколку минути до вилата морето е доста плитко и токму поради тоа Неи Пори е идеално место за фамилијарен одмор со деца, каде што ќе бидете потполно безгрижни, додека вашите најмлади задоволно играат во песокта и во морето. Во нашата понуда за вила Сент Џорџ имаме двокреветни и трокреветни студија распоредени на први, втори и трети кат.  Сите студија се комплетно опремени со кујни (електричен шпорет без рерна, фрижидер, прибор за јадење), тоалет, пространи балкони, телевизор и клима уред, кој доколку се користи се доплаќа по 5 евра на ден. Пред самата вила има место за паркинг на сопствени возила.

 

vila sent george

 

  • Цените во табелите се изразени за наем на студио или дуплекс апартман за 7 ноќевања;
  • Цените се изразени во евра, а плаќањето е исклучиво во денарска противвредност (1 евро = 62 денари);
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител;
  • Доплата за превоз за возрасни е 20 евра, за деца до 12 години е 10 евра, за оние кои имаат уплатено аранжман;
  • Само превоз во наведените датуми за возрасни е 30 евра, за деца до 12 години е 20 евра;
  • Доплата за туристичка такса за 1/2 и 1/3 студио е 0,5 евра по ден (се плаќа во објектот);
  • Доплата за туристичка такса за 1/4 и 1/6 студио е 1 евро по ден (се плаќа во објектот);
  • Доплата за клима уред е 5 евра на ден.

БУС 1 – Автобуски превоз според термини од табелата

05:00 часот тргнување од Куманово (пред ресторан Жмара);
06:00 часот тргнување од Скопје (паркинг спроти Саемот хотел ВИП);
06:45 часот тргнување од Велес (Бензинска пумпа Мак Оил Мотел Македонија);
07:30 часот тргнување од Кавадарци (Автобуска станица);
08:30 часот Граничен премин Богородица

БУС 2 – Автобуски превоз според термини од табелата 

05:30 часот тргнување од Прилеп (Бензинска ЛУКОИЛ), трансфер со минибус до Битола или Кавадарци;
06:30 часот тргнување од Битола (Паркинг Спортска Сала);
07:00 часот граничен премин Меџитлија

Поаѓање од Грција во 14:15 часот по локално време.

НАПОМЕНИ: Собите се преземаат во 13,00 часот на денот на пристигнување, а се напуштаат во 9,00 часот на денот на заминување по локално време;

Задолжително патничко – здравствено осигурување