ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
Автобуски програми - Солун & Паралиа & Метеори
Солун & Паралиа & Метеори

СОЛУН – ПАРАЛИЈА МЕТЕОРИ

 

2 дена / 1 ноќ / автобус - минибус

1 ден  03.03.2018  (сабота) Скопје/ Штип – Солун-  Паралија

Поаѓање за Солун во 04.00 часот од Скопје,  паркингот  пред хотел Вип, во 05.30 часот од Штип, паркингот кај Новата Пошта. Пристигнување во Солун. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг по познатите улици Via Egnatia и Tsimitski. Посета на шопинг центар Cosmos Mediteranean. Попладне поаѓање за Паралија. Пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

2 ден  04.03.2018 (недела)  Паралија – Метеори – Штип/Скопје

Појадок. По појадокот факултативен излет до манастирската населба Метеори со посета на еден од многуте средновековни манастири подигнати на високи карпи. Метеорите се таканаречени „карпи во воздухот“ едни од најголемите православни комплекси во Грција. Шесте манастири се изградени на природни столбови од песочен камен, а се наоѓаат во близина на планината Пинд во централна Грција. Денес од шесте манастири, пет се машки а еден е женски манастир, и дел од тие служат како туристичка атракција. Поаѓање за Македонија со попатни паузи. Пристигнување во Штип/Скопје  во доцните вечерни часови.

ЦЕНА: 2.890,00 денари

Во цената  на аранжманот e вклучено:

  • превоз со  туристички автобус / минибус
  • појадок во режија на агенцијата првиот ден
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Паралија
  • посета на Солун
  • организација и водство на програмата со лиценциран придружник

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • факултативна посета на Метеори – 10 евра (минимум пријавени 35 лица за реализација за автобус и 25 лица за минибус )
  • влезници за Метеорите – околу  3 евра
  • патничко осигурување 100,00 денари(задолжително)
  • влезници за културно- историските споменици

 

Општи напомени :

Организаторот  го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.

 

Пријавување  до  15.02.2018

        За реализација на аранжманот е потребен минимум од 45 патници за автобус и 30 патници за минибус!

Важат општите услови за патување на СКТМ