ЗИМА 17/18
ЛЕТО 2018 - ГРЦИЈА
ВИКЕНД 19-ТИ ЈАНУАРИ
ЕП Ракомет 2018
Софија

СОФИЈА

                                               3 дена/ 2 ноќи / автобуc

  

1 ден  30.12.2017( сабота )  Штип/Скопје – Софија

Поаѓање за Софија во 05.00 часот од Штип, паркинг пред Новата Пошта,   од Скопје  во 06.30ч  паркинг пред хотел ВИП. Дневно  патување со попатни паузи за одмор и  царински формалности. Пристигнување во  Софија, организирана прошетка низ центарот на градот – Катедралата Александар Невски, Националниот Тетар – Иван Вазов, Руската црква Св. Никола,  Црквата Св. Софија, ЦУМ. Сместување во хотел.  Слободно време. Ноќевање.

2 ден  31.12.2017 ( недела ) Софија  

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности. Можност за прошетка низ најпозната улица во Софија – Витоша. Вечерта организиран дочек на Новата 2018 година на плоштад или факултативна посета на дискотека во Студенски Град - Софија. Ноќевање. 

3 ден  01.01.2018 ( понеделник )  Софија – Скопје/Штип

Појадок. Напуштање на хотелот и посета на големите шопинг центи IKEA, RING MАLL и DECATHLON. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје/Штип во доцните вечерни  часови.

 

ЦЕНА :  4.900,00 денaри

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз со туристички автобус
  • појадок во режија на агенцијата - првиот ден
  • 2 ноќевање со појадок во хотел со 3* во Софија
  • Разглед и прошетка  на Софија со претставник од Агенција
  • водство и организација на програмата со лиценциран придружник

  Во цената на аранжманот не  е вклучено:

  • туристичка такса за во хотел– 2 €  (задолжителна доплата во агенцијата во денарска противредност)
  • новогодишна вечера на 01.01.  во дискотека  во Студенски Град – 20€–  со вклучен превоз до дискотеката – пријавување при резервација
    • (влезница, 1 пијалок, кетеринг, вода + чаша шампанско )
  • патничко осигурување – 100,00 денари (задолжително)

 Општи напомени :

Агенцијата го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.

Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавнитезгради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање

Рок на пријавување до 15.12.2017

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!