ЗИМА 17/18
ЛЕТО 2018 - ГРЦИЈА
ВИКЕНД 19-ТИ ЈАНУАРИ
ЕП Ракомет 2018
АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ - Будимпешта
Будимпешта

Термин: 29 Декември

1 ден  29.12.2017 СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА   Состанок  на групата пред спортската сала Борис Трајковски  во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден   30.12.2017 БУДИМПЕШТА  Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина...  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. По разгледот, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Сместување во хотел...  Ноќевање.

3 ден    31.12.2017 БУДИМПЕШТА –ВИЕНА  Појадок. Препорачуваме  посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта.  .  Дочек на Нова Година на централниот плоштад.  Враќање во хотел.  Ноќевање

4 ден   01.01.2018 БУДИМПЕШТА  - СЕНТ АНДРЕА   Појадок. По појадокот факултативно заминуваме  на посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно време. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден  02.01.2018 СКОПЈЕ  Пристигнување во Скопје во утринските  часови.

 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 25.11.2017: 129€ / 8.000 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  139€ / 8.620 ден.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта(околина)
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник
  • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување  160 денари
  • Крстарење по Дунав  15€
  • Посета на Сент Андреа  10€
  • Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 35€
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  • Доплата за еднокреветна соба  3.100 денари
  • Разглед на Будимпешта со локален водич 10€

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.