ЗИМА 17/18
ЛЕТО 2018 - ГРЦИЈА
ВИКЕНД 19-ТИ ЈАНУАРИ
ЕП Ракомет 2018
АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ - Врњачка Бања
Врњачка Бања


ВРЊАЧКА БАЊА
(Манастир Жича-Краљево)
(29.12.2017 – 01.01.2018)

(СО ВКЛУЧЕНА НОВОГОДИШНА ВЕЧЕРА)



Прв ден: 29.12.2017 (петок)
23:00 часот заминување на групата од Maкедонија кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.
Втор ден: 30.12.2017 (сабота)
Пристигнување во Врњачка Бања во утринските часови. Сместување во хотел „Borjak-Banbus“ 3***. Краток одмор од патувањето. Потоа организиран разглед на градот со локален туристички водич. Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.
Трет ден:31.01.2017 (недела)
Појадок. Организирано заминување со локален туристички водич (факултативно) кон Жича, средновековен женски манастир кој од 1797 година се наоѓа под заштита на Република Србија како Споменик на културата. Во овој манастир е крунисан Стефан Немањич, роден брат на Свети Сава, познат како Стефан Првовенчани. На 15 км од манастирот се наоѓа градот Краљево, значаен културен центар во Србија каде е сместен Заводот за заштита на Спомениците на културата. Разглед на градот, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови враќање во Врњачка Бања. Вечерта, организиран дочек на Новата 2018 година во ресторанот на хотелот со гала вечера и неограничено конзумирање на алкохолни и безалкохолни пијалоци од домашно производство. Забава со богата музичка програма. Ноќевање.
Четврти ден:01.01.2018 (понеделник)
Појадок. Околу пладне заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........189 евра (11.720 денари)
За уплата до 01.11.2017........ 179 евра (11.010 денари)
(плаќање во денарска противвредност)



Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Две ноќевања со појадок и една стандардна вечера во хотел „Borjak-Banbus“3*** во Врњачка Бања
- Дочек на Новата Година во ресторанот на хотелот со вклучена гала вечера и неограничен пијалок
- Разглед на Врњачка Бања со локален туристички водич
- Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Посета на Манастирот Жича и градот Краљево со локален туристички водич – 5 евра
- Туристичка такса:1.20 евра по лице на ден, деца од 7-15 години 0,6 евра од ден (се плаќа на рецепција во хотелот)
- Патничко осигурување
- Услови за деца: До 7 години бесплатно сместување- доплаќаат само 35 евра за храна (во заеднички кревет со две возрасни лица),деца од 7-11,99 години плаќаат 50 % од аранжманот доколку се сместени во двокреветна соба со две возрасни лица, деца од 7-11,99 години плаќаат 70 % од аранжманот доколку користат сопствен кревет . Во случај на сопствен превоз цената се намалува за 15 евра