ЛЕТО 2024 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2024 - ТУНИС
Ios - ИОС- автобуска програма
ИОС- автобуска програма

Иос –Најпопуларниот остров помеѓу младите. Токму и тие го нарекуваат Грчката Ибица. Единствениот остров на кој забавата трае 24 часа. Островот е едно од најубавите места во Грција, но сето тоа е зачинето со луди журки и забави. Кога присуствувате на овој остров, едноставно енергијата која тој ја носи, ве тера да се впуштите во уживање на она што го имате пред вас и без размислување да ги создадете најдобрите спомени кои самиот остров може да ги создаде. Тоа ја оправдува информацијата дека островот го посетуваат преку 30.000 млади во летната сезона од целиот свет, и на големо наше задоволство за прв пат ќе биде посетено и од младите од Македонија. Не дозволувајте да ви прераскажуваат и да гледате слики како си поминавме, едноставно, впуштете се во ова што го нудиме само ние…

Покрај забавата, Иос важи и за остров кој е опколен со преубави плажи. Една од најстарите и најпопуларните плажи е Mylopotas, која е меѓу најубавите плажи на Егејското Море. Плажите на Иос, ќе ве остават без зборови и ќе направат да се чуствувате како да сте во рајот на земјата. Плажите се со ситен песок кои својата убавина ја споделуваат со кристално чистата вода. Едни од најпопуларните плажи на островот исто така се Mylopotas, Manganari, Jialos и Koubaras.

Колку и да продолжиме да ви го опишуваме ова преубаво место за журка и одмор нема да можеме да го доловиме она што го поседува островот кој е опколен со исто така најпопуларните острови: Миконос и Санторини (Mykonos, Santorini). 

Програма за патување за 9 ноќевања: 

1.ДЕН / СКОПЈЕ-АТИНА 

Состанок на групата на договорено место во договорено време. Тргнување од Скопје за Иос.

2.ДЕН / АТИНА – ИОС (БРОД)

Пристигнување на пристаниште во Атина во раните утрински часови. Поаѓање за Иос со фери брод. Пристигнување на Иос. Трансфер до хотел, сместување. Слободно попладне. Ноќевање.

2.ДЕН / 11. ДЕН ИОС

Започнуваме со организацијата во придружба со групацијата Balkan Fun и други странски агенции кои се подготвени да ви приредат и реализираат феноменална журка. Нашите лета се препознатливи по журките на брод, денските журки на Beach Bar-ови, ноќните журки и тематските забави… Едноставно, забавата ни е најсилната страна.

11.ДЕН / ИОС – АТИНА 

Ги пакуваме куферите и го користиме она слободно време што ни преостанува. Трансфер до пристаниште. Поаѓање за Атина. Пристигнување во Атина. Патувањето продолжува, но се разбира со журка во автобус се до Скопје.

12.ДЕН / СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови. 

 

Цени и сместувачки капацитети:

Цена по лице/

RR

Вид на сместување 03.07.-12.07. 10.07.-19.07. 17.07.-28.07. 26.07.-06.08. 04.08.-15.08. 13.08.-22.08.
VILLA NIKOS 1/6 229 € 255 € 289 € 289 € 289 € 249 €
1/4 239 € 265 € 299 € 299 € 299 € 259 €
HOTEL NEFELI 1/4 275 € 295 € 329 € 329 € 329 € 289 €
1/3 285 € 305 € 339 € 339 € 339 € 299 €
1/2 295 € 315 € 349 € 349 € 349 € 309 €
VILLA PANORAMA 1/4 265 € 285 € 319 € 319 € 319 € 279 €
1/3 275 € 295 € 329 € 329 € 329 € 289 €
1/2 285 € 305 € 339 € 339 € 339 € 299 €
ONAR’S sutdios 1/5 275 € 295 € 329 € 329 € 329 € 289 €
1/4 285 € 305 € 339 € 339 € 339 € 299 €
1/3 285 € 315 € 349 € 349 € 349 € 309 €
  • Цените се дадени по лице и плаќаат онолку лица колку што патуваат
  • Денот на поаѓање од Скопје е почетниот датум од секој од термините

Опис на сместувања:

Villa Nikos е лоцирана на 10 минути од центарот на градот и на 5 минути од градската плажа. Вилата нуди прекрасен поглед на морето. Собите располагаат со фрижидер, клима (доплата на лице место), купатило и тераса.

Villa Panorama е лоцирана на 5 минути од центарот на градот и 5 минути од пристаништето. Вилата нуди прекрасен поглед на морето. Собите располагаат со фрижидер, клима (доплата на лице место), купатило и тераса.

Hotel Nefeli e лоциран на 3 минути од центарот на Хора, а на 10-15 минути од плажата Mylopotas. Хотелот располага со сопствен базен. Собите располагаат со фрижидер, клима (доплата на лице место), купатило.

ONAR’S studios е лоциран на 5 минути од центарот на Хора, а на 10 минути од плажата Mylopotas. Собите се опремени со фрижидер, кујна, клима (доплата на лице место), купатило.

 Цената на аранжманот вклучува

  • Сместување на база 7/9 ноќевања во повеќекреветни апартмани/студија/соби/ во избраниот хотел или вила во Иос
  • Превоз со високо туристички автобус (AC/TV/DVD), на релација според програмата
  • Превоз со траект на релација Атина – Иос – Атина
  • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
  • Организација на патувањето

 

Цената на аранжманот не вклучува

  • Факултативни излети
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко и здравствено осигурување

 

Начин на плаќање:

  • Аконтација од 000 денари при пријавувањето.
  • Патникот остатокот од цената на аранжманот го плаќа во целост во најдоцна14 дена пред почеток на аранжманот
  • Уплатите се вршат во денарска против вредност 1€ = 62 денари
  • Важат општите услови на патување на СКТМ.

 

Напомена:

  • За патниците кои ќе користат сопствен превоз цената се намалува за 30€ од цените во табелата.
  • Наведените цени од табелата се однесуваат за тргнување од Скопје.
  • Сместувањето во сместувачките капацитети е во 14:00 часот (постои можност за порано сместување доколку дозволуваат условите), а напуштањето е во 09:00 часот.

Факултативни излети:

Наведените описи за излетите се од информативен карактер и може да бидат изменети од страна на локалните партнери кои се задолжени за нивната реализација.

PATHOS SUNSET BAR & MANGANARI BEACH

Плажата Manganari која не е класична плажа која продолжува во континуитет, туку се работи за серија од мали заливи односно повеќе мали плажи една до друга. Фасцинира со својата природна убавина, кристилно чиста вода со тиркизна боја и ситен песок. Одлично место каде можете да го поминете вашиот ден и да пробате некој од водените спортови. Едно од најатрактивните места за посета на Иос, целокупниот амбиент барем за момент Ве заробува со својата убавина, терајќи Ве да заборавите на реалноста.

Pathos sunset bar – Барот е направен на сртот од самото брдо на островот. Местоположбата Ви го нуди најубавиот поглед на зајдисонцето што некогаш сте можеле да го замислите. Ќе имате прилика да ги направите најдобрите фотографии од вашиот одмор. Поседува карактеристичен дизајн кој ќе Ве остави без зборови. Ова место мора да го посетите!

 КРСТАРЕЊЕ СО БРОД

Ќе уживате во неверојатните пејсажи и убавини кои ги пружа островот Иос, ќе ги видите преубавите диви плажи и места од кои ќе Ви застане здивот, неверојатните и преубави места кои се заобиколени со тиркизно кристално чиста вода. Фотографиите од овие места се синоним за прекрасно поминат релаксирачки ден и за грчкиот туризам. Секако во текот на денот ќе застануваме повеќе пати поради фотографирање, и капење на сите овие преубави локалитети.

SUMMER FUN DISCOUNT PARTY АЛКА

SUMMER FUN PARTY DISCOUNT АЛКАТА која има традиција, има дава на патниците многу попусти на ова патување, но пред се Ви овозможува влез на официјалните забави. Ви овозможува бесплатен влез на сите официјални журки на Summer Fun кои се одржуваат во дискотеките Far Out, Red Bull, Trafic, Sweet Irish, Flames, Crazy Viking… Summer Fun Discount алката Ви обезбедува и попусти во ресторани, таверни, beach bar-ови… Со алката добивате официјална Summer Fun маица за незаборавни спомени од море…

*Цените на факултативните излети ќе ги доставиме дополнително. За секое патување ќе следуваат и пакети на факултативни излети за кои ќе Ве информираме дополнително.